Фудбал
ФИФА сака да заработи 12 милијарди долари од СП 2026
Претседателот на судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, истакна дека организацијата предвидува заработка од околу 12 милијарди долари од Светското првенство во 2026 година. Ако се остварат овие очекување, тоа ќе значи двојно зголемување на приходите во споредба со Мундијалот од оваа година одржан во Русија.
Претходно во јуни, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека приходите на ФИФА за циклусот на 2015-2018 се движат околу 6,1 милијарди долари.
– Фудбалот е бизнис шоу. Организацијата на Светското првенство во 2018 година беше најдобрата. Работа во Русија значеше шест милијарди долари приходи, што е многу пари. Главната задача е да се удвои износот и да достигне 12 милијарди долари во 2026 година на Светското првенство во Мексико, Канада и САД, соопшти Колина.
За споредба, во Лигата на шампионите секоја сезона се дистрибуираат повеќе од две милијарди евра меѓу 32 тимови од групната фаза.