Фудбал
ФИФА се закани на Украина: Не мешајте спорт и политика, инаку ќе следува суспензија!?
Последните информации од светот на фудбалот велат дека ФИФА наскоро може да ја суспендира Украина.
Украинците се на „мета“ на ФИФА поради мешање на политиката во спортот, па на тамошниот Фудбалски сојуз му испрати предупредувачко писмо, за што зборуваше и потпретседателот Олег Потасов.
Тој е назначен на местото на претседателот Андреј Павлка, кој беше уапсен бидејќи користел пари за други цели, а не исклучиво за фудбал.
Како замена го предложија Андреј Шевченко, но сепак, назначувањето на нов претседател нема да биде можно додека не се решат проблемите, поврзани со други фактори кои мора да се исклучат.
„Тие ни пишаа за да не потсетат дека Украинската фудбалска федерација треба да ја врши својата работа без мешање на трета страна. Секое прекршување на правилата може да доведе до суспензија на членството во меѓународните федерации во согласност со член 16 од Статутот на ФИФА и член 9. од Статутот на УЕФА.Би сакал да ги потсетам сите дека веќе испративме јасен план и програма и сите детали околу смената на Павелко од функцијата претседател на федерацијата.Сепак сега добив нова информација. Се чини дека Министерството за правда ќе спроведе истрага пред се да се реши“, напиша Протасов