Connect with us

Фудбал

ФИФА воведе интересно правило за ВАР помошниците, иако не се на теренот

За прв пат во историјата на Светското првенство ќе се користи видео технологијата, бидејќи ФИФА сака да се избегнат грешките на судиите во ваков голем натпревар.

ФИФА потврди пред два месеци дека ќе има ВАР на Светското првенство и веруваат дека тоа ќе ги намали грешките на судиите. Исто така, ФИФА објави дека судиите одговорни за ВАР ќе носат иста униформа како и другите судии, иако нема да бидат во близина на теренот.

Беше одлучено судиите на терен, како и нивните помошници задолжени за ВАР, да бидат во иста униформа, и на тој начин да ја покажат сериозноста на ова издание на Мундијалот во Русија. Судиите на ВАР ќе бидат поставени во посебни простории на стадионот и е јасно дека сите сомнителни одлуки ќе бидат во нивни раце.

“Иако луѓето кои се одговорни за ВАР ќе бидат доста далеку од теренот одлучено е да носат иста униформа како судиите на теренот. Нема да биде можно да се појави некој опуштено облечен или пак во костум. Имаат униформи за сите судии и тоа мора максимално да се почитува. Она што тие го прават е многу стресно и затоа сакаме да имаме дрес код”, изјави Колина.