Ракомет
Филип Лазаров позитивен на коронавирус
Македонскиот ракометар Филип Лазаров е позитивен на коронавирус. Како што пренесуваат германските медиуми, поради претпазливост тој не заминал на подготовки со својот тим во Холандија. Самиот направил тест за Ковид 19, откако се посомневал дека можеби е заразен, откако дознал дека на пат кон Германија негов сопатник бил позитивен на вирусот.

Ниту еден друг ракометар на неговиот тим Ретинген не е позитивен на тестирањето направено откако дознале дека Филип Лазаров е заразен.