Connect with us

Фудбал

Филипо Инзаги од наредната сезона во Серија А

Поранешниот италијански напаѓач, Филипо Инзаги наредната сезона ќе биде дел од Серија А.

Некогашниот освојувач на Светското првенство ја напушти Венеција после две години, и потпиша двогодишен договор со Болоња.

Тој прво беше во Милан, но во јуни 2016 година замина од Сан Сиро, потоа ја водеше екипата на Венеција во Серија Б, но не успеа да ја врати во друштвото на најдобрите италијански клубови, а сега е на чело на Болоња.

Поголемиот дел од фудбалската кариера, како играч ја помина во Милан, а неговиот брат, Симоне доста успешно го води Лацио.

Филипо Инзаги освои два наслови со „Росониерите“ во Италија, Лига на шампиони во 2003. и 2007. година и Светско првенство во 2006. година. Своето искуство ќе се обиде да го пренесе на фудбалерите на Болоња.