Connect with us

Фудбал

Финалето во Купот на Германија пред празни трибини

Финалето на германскиот куп, кое е закажано за 13 мај во Берлин, ќе се игра без публика.

Оваа информација ја објави Германската фудбалска асоцијација и со тоа ги растажи навивачите кои се надеваа дека од трибините во живо ќе ја следат борбата за трофејот.

„Поради мерките што важат на местото каде се играат финалето, во Берлин, невозможно е да се дозволи навивачите да присуствуваат на натпреварот“, наведува ДФБ.

Вердер и Лајпциг ќе играат во полуфиналето на Купот на 30 април, а Борусија Дортмунд и второлигашот Холштајн Кил на 1 мај.

Сигурно е дека навивачите нема да бидат ниту во Минхен, каде летово ќе се играат натпреварите на Европското првенство 2021 година.