Connect with us

Фудбал

Фиорентина ја одреди цената за Влаховиќ, многумина веднаш ќе бидат одбиени

Душан Влаховиќ игра во животна форма.

Влаховиќ е најдобар стрелец во Серија А со 16 голови, а се поголем број на клубови сакаат да го доведат во своите редови.

Фиорентина е во таква мака, понудите се многу богати, но јасно е дека заминувањето на напаѓачот би било голем удар за тимот кој моментално се наоѓа на седмата позиција.

Скај Италија истакнува дека Фиорентина утврдила обештетувањето за Влаховиќ да изнесува 70 милиони евра.

„Неколку пати му беше понуден најголемиот договор во историјата на клубот. Душан и неговиот агент ставија до знаење дека не сакаат да го прифатат. Нашата понуда се уште е на маса“, истакнаа од Фиорентина.

Во моментов најупорен за неговото доведување е Јувентус, а Влаховиќ има важечки договор до јуни 2023 година.

Влаховиќ го следат Арсенал, двата Манчестер, но и Челзи.