Connect with us

Фудбал

ФК Црно Буки ЗЛ со историски пласман во трета лига

Пред 3 години презедовме клуб кој буквално не постоеше.Разурната инфраструктура ,долгови,растурена екипа,без опрема без играчи. 3 години подоцна имаме најдобро организиран клуб во ОФС Битола. Темелно ја реновиравме соблекувалната,го средивме просторот околу стадионот,имаме одличен терен.

Освоено 3 место во Општинска Б лига ОФС Битола сезона 2015/16 год.
Шампионска титула во Општинската Б лига ОФС Битола сезона 2016/17 год.
Признание од Битолски Весник за најдобро организиран клуб за 2017 год.
Збратимување со најстариот Македонски клуб ФК Љуботен Тетово .
Историски пласман во трета лига.

3 години поминати со многу труд,желба,посветеност,чесно и правилно работење на управата,резултатите се најголемиот доказ се резултатите зад нас.
Голема благодарност до сите оние кои помогнаа финансиски или на било кој начин,заслугата е огромна на сите помагатели,поддржувачи,спонзори и навивачи.
Се надеваме укажаната доверба ја оправдавме.

Се надеваме на успешна соработка во иднина и заедно во нови победи и успеси..

Со почит ваш ФК Црно Буки ЗЛ