Фудбал
Флорентино Перез ја повикува моќната Супер лига, тој доби одговор: „Совршено е … за банкрот!“
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нема апсолутно ништо против Суперлигата да ја играат најбогатите тимови во светот.
Во последниве месеци, се повеќе се шпекулираше за неминовно создавање на Суперлигата, која ги обединува најдобрите клубови во Европа (најбогатите). Сè уште не е јасно кој би играл во истата, но се претпоставува дека станува збор за екипи како Реал, Барселона, Атлетико, Манчестер Јунајтед, Сити, Ливерпул, ПСЖ, Челзи, Јувентус…
“Треба да иновираме и да најдеме формули за да го задржиме фудбалот привлечен. Потребен ни е нов поттик за да одговориме на моменталната состојба. Видовме фудбалска сатурација во последните неколку недели. Играчите имаат здравствени проблеми. Промените во фудбалот не можат да чекаат”, изјави неодамна Флорентино Перез
Иако експлицитно не го спомна тоа, првиот човек на Реал веројатно повика на формирање на Суперлигата.
Хавиер Тебас, водечкиот човек на шпанската Ла Лига, одговори на Перез.
“Супер лигата е одличен проект. Совршен за банкрот. Па, Супер лигата е невозможно да се направи. Ако некој исто така рече дека е профитабилен формат, тој не ја познава добро фудбалската индустрија”, рече Тебас.
“Суперлигата е голем ризик. Англичаните се фудбалска сила и не ја сакаат Суперлигата. Ако Премиер лигата и Лигата на шампионите одат добро, зошто да го смените тоа?” Додава Тебас.