Поврзи се со нас

Фудбал

Флорентино Перез следната година ќе ја раздрма Европа со трансферите во Реал Мадрид

Ова лето Реал Мадрид не беше премногу активен на трансфер пазарот, што навистина ретко се случува. Но, затоа претседателот на клубот Флорентино Перез се подготвува следното лето со трансферите да ја раздрма Европа.

-текстот продолжува по рекламата-

Како што пишува „Марка“ прва мета на Реал Мадрид е Килијан Мбапе, кој и самиот пред извесно време изјави дека му е желба еден ден да го облече дресот на „Кралевите“. Но, јасно е дека ПСЖ нема лесно да го пушти, па се шпекулира за цифра од дури 200 милиони евра.

Меѓутоа Перез подготвил резервна опција. Доколку Мбапе не стигне на „Сантијаго Бернабеу“ тогаш ќе го донесат Ерлинг Халанд. Младиот Норвежанец го воодушеви светот со своите игри, но од Салцбург во Борусија Дортмунд пристигна за „само“ 20 милиони евра. Тој би бил поевтина варијанта во однос на Мбапе. Но, дел од шпанските медиуми тврдат дека постои опција и двајцата да завршат во Реал Мадрид. Мбапе следното лето, а Халанд, доколку се постигне некаков пред договор, во Мадрид би пристигнал во летото 2022-година.

-текстот продолжува по рекламите-

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама