Други спортови
„Формула 1 пред колапс!“
Формула 1 е пред колапс, според првиот човек на Мекларен, Зак Браун.
Ниту една трка оваа сезона во најбрзиот циркус во светот не се вози поради вирусот „Ковид-19“, а прашање е кога конечно ќе започне.
Поради многуте трки кои досега беа одложени, екипите скоро банкротираа и ако продолжи оваа ситуација, само Бог знае што ќе се случи со нив. Затоа утре екипите ќе одржат итен состанок, ќе се разговара за финансиите, односно за намалувањето на трошоците.
Браун е исто така многу вознемирен, како и другите шефови. Тој вели дека светското популарно првенство во моментов е пред колапс.
„Ова може да ги уништи тимовите, но не само тимовите, туку и целата Формула 1, која во моментов се распаѓа и е во многу кревка состојба. Ако не реагираме на време и го победиме она што се случува со нас, многу екипи би можеле да се исклучат. Мислам дека оваа криза дојде во најлош можен момент“, изјави првиот човек на Мекларен за Би-Би-Си.
Сите љубители на авто-мото спортот се надеваат дека ќе го продолжат првенството во Формула 1 и Мото ГП што е можно поскоро, но засега човечките животи се најважни и треба да бидат приоритет.