Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Адвокатите на Јувентус во Перуџа на разговор со обвинителството поради Луис Суарез

Како што е познато, пред неколку дена Луис Суарез го положил тестот за италијански јазик. Неговата намера беше да добие италијански пасош со цел да направи трансфер во Италија. Сепак, сето тоа пропадна, па Суарез сега е член на Атлетико Мадрид.

Но, се појавија информации дека Обвинителството го истражува случајот бидејќи наводно Луис Суарез мамел на испитот. Тоа се дознало откако биле пресретнати телефонски разговори на деканот на Универзитетот во Перуџа и спортскиот директор на Јувентус.

Денеска, во Обвинителството во Перуџа се двајца адвокати на Јувентус на разговор токму за оваа тема. Што ќе се случи, останува да покаже истрагата.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама