Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ако не може на трибини, може пред стадион, „Комити“ најавуваат поддршка за Вардар

Викендов низ терените ширум државата се игра првото коло од новата сезона во ПМФЛ. Вардар ја почнува одбраната на шампионската титула на домашен терен против Борец. Сепак, поради Ковид 19, мечевите ќе се играат без публика. Освен ова, „црвено-црните“ се во тешка ситуација, нема спонзор, голем број играчи заминаа, па како ќе се носи во новата сезона останува да се види.

Но, навивачката група „Комити“ најавува поддршка за својот тим во сабота. Како што велат од таму ако не може на трибини, може пред стадион.

-После скоро шест месечна пауза започнува новата фудбалска сезона. Која за нас ќе биде една голема борба на два фронта. Лошата ситуација во Ф.К. Вардар и играњето на натпреварите без публика. Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комитска пред градскиот стадион.
16:30 Пред влезот на западната трибина! Нагласуваме со почитување на мерките за заштита и задолжително носење МАСКИ, стои во објавата на Фејсбук страната.

Инаку, ова се паровите за првото коло во ПМФЛ.
сабота, 08.08.2020 17.30 ВАРДАР-БОРЕЦ / МРТ
недела, 09.08.2020 17.30 ШКУПИ-ШКЕНДИЈА / МРТ
недела, 09.08.2020 17.30 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.- РАБОТНИЧКИ / tv.ffm.mk
недела, 09.08.2020 17.30 БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС / tv.ffm.mk
недела, 09.08.2020 17.30 ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ / tv.ffm.mk
недела, 09.08.2020 17.30 РЕНОВА – СТРУГА Т.Л. / tv.ffm.mk