Connect with us

Фудбал

ФОТО: Алиоски со голот му донесе доста пари на еден Англичанец

Лидс победи со 5:2 во пресметката со Њукасл, а еден гол постигна нашиот Џани Алиоски и тоа во 85-тата минута кога зголеми на 4:2. Еден Англичанец во обложувалница прогнозирал дека токму македонскиот репрезентативец на овој меч ќе постигне гол. Заедно со другите „типувања“ кои ги погоди и секако тоа што погоди дека Алиоски ќе постигне гол, анонимниот Англичанец си заработи 189 фунти.

Инаку, ова беше прв гол за Алиоски во Премиер лигата. Лидс оваа сезона се врати во најквалитетната англиска лига.