Connect with us

Фудбал

ФОТО: Арсенал го донесе „чудото од дете“ од Кенија името му е Лео Месо

Арсенал во својата академија го донесе 10-годишното „чудо од дете“, кое многумина така го нарекуваат. Името му е Лео Месо. Младиот Кениец досега фудбал учеше во Вест Хем, а фотографијата на која се гледа како држи дрес од Арсенал со бројот 9 на кој го има неговото име во друштво со менаџерот Пер Мертецакер, го потврди неговото доаѓање во клубот. Тој ќе продолжи да се развива во академијата на Арсенал, се разбира со надеж еден ден да го облече дресот на сениорскиот тим.