Connect with us

Фудбал

ФОТО: Барселона го објави списокот на играчи за дуелот со Јувентус, се разбира го нема Меси, но ја нема и „десетката“

Барселона го објави составот за пријателскиот меч со Јувентус кој се игра утре вечер со почеток во 21:30 часот. Секако, во овој состав го нема Лионел Меси за кого пред два дена беше потврдено дека нема да го продолжи договорот. Но, ја нема ниту неговата „десетка“. Засега не е познато кој ќе ја наследи, али ќе остане во употреба, или можеби Барса ќе се одлучи да ја повлече во негова чест. Новите засилување Мемфис Депај ја зема деветката, а додека Кун Агуеро на грбот го има бројот 19.