Connect with us

Тајмаут

ФОТО: „Bild“ ја крена Германија на нозе поради селфито на репрезентативецот

Германски „Bild“ на насловната страна на своето печатено издание го смести репрезентативецот Јулијан Брант.

Германците вчера покажа лоша игра, изгубија од Мексико со 1:0 на нивниот прв натпревар на Мундијалот во Русија и секако, следеа бројни критики, а тамошниот таблоид „Bild“ објави како еден член на германската репрезентација, и покрај се правеше селфи.

Тој по завршувањето на натпреварот тргна кон тунелот, а потоа застана, го зеде мобилниот и направи селфи со некој навивач на Германија.

„Сакав да тргнам кон соблекувалната и тогаш видов дете кое врескаше. Во тој момент не размислувате, сакав да му направам услуга. Го зедов телефонот и направив селфи. Не размислував за тоа“ каза Брант.

Брант влезе во игра во 86. Минута и не е баш еден од оние на кои може нешто посебно да им се приговара и се чини дека „Bild“ претера со целата ситуација, но сепак се работи за таблоид кој има најдобар тираж.