Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Богатиот сопственик на шпанска Малага со закана до претседателот на Франција Макрон

Францускиот претседател Еманеул Макрон изјави дека „Исламот е извор на тероризмот“ и со оваа негова изјава, дадена по убиството на учител од страна на чеченски мигрант, налути многумина, пред се муслиманските земји. Најкритичен беше турскиот претседател Таип Ердоган, кој изјави дека на Макрон му треба ментална проверка.

Но, ништо „понежен“ не беше ниту богатиот сопственик на шпатнскиот фудбалски клуб Малага, Абдула Ал Тани.

Тој преку твитер му порача на Макрон доколку не се извини, тогаш ќе сноси последици.

-Доколку нема официјално извинување за сите муслимански земји во врска со расизмот, предизвикан со говор на омраза, тогаш вие ќе ги сносите последиците, напиша Ал Тани на твитер.

Пред неколку дена млад иселеник од Чеченија уби учител во Франција, кој на час покажувал карикатури од пророкот Мухамед. Ова предизвика бурни реакции, како и изјавата на Емануел Макрон. Се појавија информации дека Пол Погба токму поради тоа ќе се повлече од репрезентацијата, но сепак фудбалерот во текот на денешниот ден изјави дека тоа се лажни вести.

loading...

Facebook