Connect with us

Фудбал

ФОТО: Чудото тренер на Баeрн, единствениот кој има повеќе трофеи од порази

Се чини дека Баерн Минхен направи вистински потег што му даде доверба на Ханс Дитер Флик да го предводи германскиот великан. Откако го освои Суперкупот на Европа, со победата од 2:1 против Севиња, Баерн Минхен на најдобар начин ја комплетираше минатата сезона. Шампионска титула, Куп на Германија, Лига на Шампиони и УЕФА Супер куп. Четири пехари, а само што седна на клупата на германскиот гигант. Флик го предводеше Баерн Минхен на 38 мечеви, од кои има 35 победи и три порази. Со освојувањето на Супер Купот на УЕФА, Флик со Баерн има повеќе титули од порази. Секоја чест.