Фудбал
ФОТО: Дали видовте што направи Имобиле додека СПАЛ изведуваше слободен удар
Фудбалерите на Лацио во неделата ја совладаа екипата на СПАЛ на домашен терен со резултат од 4:1 во рамки на 11. коло од Серија А.
Двојниот стрелец за „Небесно-сините“ беше Чиро Имобиле, а токму тој по натпреварот беше главна тема на друштвените мрежи, но не поради головите, туку поради потегот во моментот кога СПАЛ изведуваше слободен удар.
Имено, тој одлучи да го копира играчот од средниот ред на Интер Марсело Брозовиќ кој во последно време започна да се „фрла“ зад живиот ѕид во обид да ги блокира ударите кои одат по земја.
Иако Имобиле во оваа ситуација немаше многу работа, веројатно во иднина ќе продолжи да го прави ова затоа што очигледно ова стана нов тренд во Серија А.