Connect with us

Фудбал

ФОТО: Де Јонг имаше бизарен проблем – Левата рака со денови беше двојно поголема од десната

Френки де Јонг имаше навистина бизарна ’повреда’ пред натпреварот во Лигата на шампионите против Наполи.

Убодот од пчела предизвика проблеми за младиот играч од средниот ред, бидејќи левата рака му беше целосно отечена, но за среќа немаше алергиски реакции и Де Јонг беше подготвен да игра.

Тој се појави на натпреварот против Наполи со завој на раката, а очигледно е дека пчелата му предизвика прилично сериозен проблем.

Раката изгледа навистина огромна.