Connect with us

Фудбал

ФОТО: Деле Али и убавата девојка постојано се „пипкаат“ на одмор во Грција

Фудбалерот на Тотенхем Деле Али деновиве ужива во одморот.

Тој во моментов е во Грција каде минува крајно убави моменти со својата девојка Руби Меј.

Папараците брзо ги пронајдоа и снимија неколку фотографии на кои се гледа како не ги симнуваат рацете еден од друг.

По некое време, тие решија да влезат во вода и да ја продолжат забавата, а потоа фотографите ги оставија на мира.

Патем, двајцата се во врска од 2016 година. Тогаш убавата Руби стана многу позната и ги воодушеви фотографските објективи за време на европското во Франција.

Парот преживеа многу тежок период во карантин бидејќи во една прилика разбојниците влегоа во нивната вила вредна два милиони евра и се заканија со нож.

Али оваа сезона ја заврши со Тотенхем многу рано бидејќи клубот испадна од Лига на шампионите од Ред Бул Лајпциг, па затоа не одиграа ниту еден натпревар по Премиер лигата.