Connect with us

Фудбал

ФОТО: Деле Али има прослава на гол која никој не може да ја копира

Фудбалерите на Тотенхем го победија Њукасл со 2:1 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Тотенхем успеа да ги освои првите бодови во новата сезона, а еден од најдобрите на теренот беше Деле Али кој постигна гол за победа. Но, она што многумина го забележаа е интересната прослава на голот на овој играч.

Напрво малкумина сфатија дека нешто не е во ред со прославата на голот на Деле Али, но кога ја погледнаа фотографијата, сфатија дека прстите се во позиција што е речиси невозможно да се изведи. На социјални мрежи, многумина објавуваат слики од обиди за тоа, но никој досега не успеал.

Се чини дека Али “измисли” прослава на гол која никој нема да може да ја копира, барем фудбалерите.