Connect with us

Фудбал

ФОТО: Дојде со кесе од супермаркет на натпревар од Лига на шампионите, постигна гол, а потоа замина со такси

Барселона со 5:1 славеше против Ференцварош во првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона. Еден од петте голови ги постигна Педро Гонзалес Лопез, попознат како Педри. Тој е талент на Барса кој има само 17 години.

Ова му е прв гол за сениорскиот тим во оваа сезона, прв во Лигата на шампионите и се верува дека е голем талент, па поради тоа привлекува огромно внимание кај медиумите.

Педри на мечот пристигна со кесе од супермаркет, постигна гол, го прослави со соиграчите, а потоа со такси замина дома. Секако, овој 17-годишен талент се уште нема возачка дозвола, па поради тоа дома оди со такси.