Фудбал
ФОТО: Египет слави – Салах со нова фотографија предизвика одушевување
Секој ден Египет чека нови вести за здравствената состојба на Мохамед Салах.
Најдобриот египетски фудбалер, а во моментов е еден од првите тројца фудбалери во светот, беше повреден во финалето на Лигата на шампионите после дуелот со Серхио Рамос и тој мораше да го напушти натпреварот уште во првата половина.
Првите информации воопшто не беа позитивни и говореа дека Салах може да го пропушти Светското првенство поради повреда на рамото, но според последните информации, Салах ќе го пропушти само првиот натпревар.
„По денешната средба на претседателот Або Риде и доктор на репрезентацијата во Шпанија, федерацијата потврдува дека, отсуството на Салах нема да биде подолго од три недели“, кажаа од Египетската федерација пред неколку дена.
Во прилог на оваа информација, е и денешната фотографија која е објавена од Салах на Твитер. Тој израдува милиони Египќани, но исто така и неутралните навивачи на фудбалот со слика во која што покажува како тој веќе почнал да вежба во салата со ранета рака. За да ги направи работите уште попозитивни во описот, додаде како се чувствува добро.
Ова сигурно оди во прилог на фактот дека наскоро треба да се врати на теренот и дека сигурно ќе го гледаме во Русија.
Good feelings… pic.twitter.com/Jhyd2kYVKI
— Mohamed Salah (@MoSalah) June 3, 2018