Ракомет
ФОТО: Еурофарм работник се чекира во Литванија
Со авион преку Виена до Вилњус, па со автобус до Каунас, Еурофарм работник пристигна во главниот град на Литванија. Тие денеска од 16 часот ќе го одиграат возвратниот натпревар од третото коло на Челинџ Купот. Нивни противник е Гранитас Каунас.
На првиот одигран дуел во спортската сала „Младост“ во Битола, екипата на Илија Темелковски славеше со 28-24.
Натпреварот ќе се одигра во малата сала во Каунас, а сите ракометари вечерва ќе му бидат на располагање на тренерот Темелковски.
Екипата на Гранитас има освоено 87 EHF Cup.