Фудбал
ФОТО: ФФМ не го измислила дизајнот на рисот на автобусот, едноставно го симнале од интернет, социјалните мрежи „вријат“
Фудбалската федерација на Македонија се пофали вчера на социјалните мрежи дека репрезентацијата сега ќе има брендиран автобус. За волја на вистината убаво е тоа, убаво изгледа, целиот е црвен, а со жолта боја има лого на ФФМ, на автобусот пишува и „Сега е наше време“. Заштитниот знак секако е рисот, кој исто така се најде на автобусот. Но, сепак дизајнот не е авторско дело на ФФМ. Едноставно овој рис е симнат од интернет и искористен преку оние бесплатни апликации каде секој може да симне одредено лого и да го искористи. Се поставува само прашањето дали и колку е платено за ова „идејно решение“ иако е симнато од интернет.

Веќе на социјалните мрежи врие за ова, каде има реакции дека практично логото е „украдено“ односно не е авторско дело.
Си спуштивме free vector! #FFM бруки невидени КОЛКУ ПЛАТИВТЕ ЗА АВТОРСКОТО ДЕЛО ЗА ДИЗАЈН НА ДРЕС? pic.twitter.com/LQuXwZOs2a
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) March 28, 2021