Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Фотографијата од ждрепката за Светското првенство на Марадона го заобиколи светот

Диего Армандо Марадона синоќа пушти по некоја солза, по поразот на неговата Аргентина од Хрватска на Светското првенство.

Аргентинците се најдоа пред елиминација по само две одиграни кола од групната фаза, а еден од најтажните Аргентинци, секако е Марадона кој од трибината го следеше натпреварот.

На интернет, после натпреварот се појави една интересна фотографија од ждрепката од групната фаза за Светското првенство која се одржа кон крајот на минатата година.

Токму големиот Марадона, во групата на Аргентинците ја донесе Хрватска, а неговата реакција после извлекувањето, денеска се прераскажува. Марадона имаше еден, прилично кисел израз на лицето кога ја извлече Хрватска, како да знаеше што ќе се случи.

Погледнете и сами: