Connect with us

Фудбал

ФОТО: Глигоров ново засилување на ФК Шкупи

Филип Глигоров, кој игра на позицијата десен бек, е промовиран во ново засилување на ФК Шкупи. Тој практично се враќа во тимот од Чаир, каде што играше пред три години. Шкупи ќе игра во Лига Европа, па Глигоров е донесен како засилување на десната бековска позиција.

ФК Шкупи во првото коло од ЛЕ игра против Нефчи од Азербејџан. Во својата кариера Глигоров ги носел дресовите на Влазнија од Албанија, Дунареа Романија, потоа Силекс, Работнички, Олимпик Сарајево.