Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Го купија Диас, но промотивните прашања одат за Кулибали, лудница во Манчестер Сити

Манчестер Сити и официјално го комплетираше трансферот на Рубен Диас од Бенфика за 68 милиолни евра. Тој ќе го носи дресот со број 3. Сепак, на веб сраницата на „Граѓаните“ во делот каде што е промовиран Диас, најдолу стои „Ново засилување: Поставете прашање на Кулибали“.

Ова секако е грешка на администраторите на веб страницата. Кулибали е желба на Пеп Гвардиола одамна, но се уште нема конкретен договор. Дали со ова „Граѓаните“ сакаат да најават нешто, или сепак се работи за гаф и пропуст не е познато.

Advertisement