Connect with us

Фудбал

ФОТО: Гвардиола може да се пофали со уникатен рекорд

Манчестер Сити ја совлада Борусија Менхенгладбах со 2:0, па со вкупни 4:0 се пласираше во чевртфиналето на ЛШ. „Граѓаните“ се едни од главните фаворити за пехарот во Европа, а со оглед на игрите кои ги прикажуваат секако дека оваа фаворитска улога е оправдата.

Освен тоа што синоќа Гвардиола како тренер ја забележа 83-та победа во ЛШ, со што го стигна Жозе Мурињо, а пред него останаа Арсен Венгер (86), Карло Анчелоти (89) и Алекс Фергусон (102), Пеп може да се пофали со уште едно достигнување или рекорд. Имено, на синоќешниот меч Манчестер Сити стигна до 100-тиот гол под негово водство, со што Гвардила 12-та сезона со неговите тимови кои ги предводел постигнува најмалку 100 голови.

Од 2008/09 Гвардиола со неговите тимови постигнал 1717 голови на 686 мечеви.