Фудбал
ФОТО: Ибрахимовиќ можеби е арогантен, но има големо срце, тоа го докажа
Милан славеше против Шамрок Роверс во четвртокот со 2:0, а првиот гол беше дело на Златан Ибрахимовиќ кој постигна гол во европските клупски мечеви по пауза од повеќе од три години. Последен пат бил стрелец исто така во Лига Европа во февруари 2017-та против Сент Етјен, кога постигна три голови.
Голема дебата и критики трпи Швеѓанецот дека е арогантен и самобендисан, тоа го покажал со неколку негови изјави, но сепак Ибра има големо срце.

Имено, по мечот со Шамрок Роверс, противничкиот играч Арон Грин му пришол и му го побарал дресот. Веднаш му објаснил дека не е за него, туку за неговиот син, кој е голем фан на Ибра. Синот на Грин дури бил и на стадионот. Ибра секако го дал дресот, а според информациите дури се поздравил со детето. Убав гест на Ибрахимовиќ.