Connect with us

Фудбал

ФОТО: Има повеќе пари од Меси и Роналдо, дали конечно ќе го одигра првиот официјален меч?

Веројатно сите сте слушнале за најбогатиот фудбалер во светот. Фаик Болкијах, има 22 години и 20 милијарди долари. Веќе претпоставувате, парите не ги заработил од фудбалот, туку тој е син на принцот на државата Брунеи, Џефри Болкијах и внук на султанот на Брунеи, Хасанал Болкијах.

22 годишниот фудбалер беше дел од фудбалските академии на Саутемптон, Арсенал и Челзи, потпиша потоа договор со Лестер, професионален, но никогаш не одиграл официјален меч. Сега потпиша за португалскиот тим Маритимо.

Останува да се види дали фудбалерот кој има повеќе пари од Меси и Роналдо, конечно ќе одигра официјален фудбалски натпревар.