Connect with us

Фудбал

ФОТО: Интересна објава на Лука Модриќ на Твитер

Лука Модриќ е човекот за кој многу се зборува ова лето.

Хрватскиот фудбалер се поврзува со можен трансфер во Интер. Наводно има да ги засили „Нероазурите“ и разговорите со претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез најавени се за денеска.

Маѓутоа, Лука денека на Твитер објави интересна „порака“. Постави фотографија од тренингот на „Кралевите“ и напиша „Враќање на работа“.

Дали тоа значи дека ќе остане во редовите на Реал ќе дознаеме за кратко време. Една работа е јасна, Реал не сака да го изгуби затоа што е клучен дел од тимот.

Од друга страна интер не се откажува и испрати понуда која на хрватскиот репрезентативец му се допадна.