Connect with us

Фудбал

ФОТО: Изгледа дека се приближува и тој ден – Наскоро претставувањето на Буфон на „Паркот на Принцовите“

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон по завршувањето на минатата сезона ја заврши својата долгогодишна епизода во Јувентус, а иако е тешко да се замисли во друг дрес, тој судејќи по се наскоро ќе го облече оној на ПСЖ.

Имено, како што пишува италијански „Скај“, Буфон во сабота ќе ги изврши лекарските прегледи со медицинскиот тим на ПСЖ, а доколку нема проблеми 40-годишниот голман во понеделник ќе биде претставен како ново засилување на клубот од Париз.

Еден од најдобрите голмани на сите времиња во дресот на Јувентус за 17 години му недостига само трофејот од Лигата на Шампионите, а познавајќи ги амбициите на ПСЖ, не би било чудо со овој клуб да дојде до „недостижниот“ трофеј.

Сепак, за Буфон можеме да кажеме дека е синоним за Јувентус, па на љубителите на фудбалот навистина ќе му биде тешко да се навикна да го гледаат овој легендарен чувар на мрежата во дресот на ПСЖ, секако доколку се остварат предвидувањата на светските медиуми.