Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Како Џон Тери го упропасти историскиот ден за женскиот коментатор на „BBC“

Љубителите на фудбалот кои го гледаа натпреварот Португалија – Мароко преку каналот „BBC Sport“ присуствуваа на историски момент.

За прв пат во историјата на оваа телевизија, еден натпревар од Светското првенство го пренесуваше женски коментатор. Честа да ја испише историјата ја имаше Вики Спаркс, но тоа очигледно не му се допадна на некогашниот капитен на Челзи, Џон Тери.

Тери на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека го следи натпреварот од својот дом, но на фотографијата додаде и опис: „Морам да го гледам овој натпревар без звук“.

Кога сфатил што направил, а и веројатно добил доста критики, Тери веднаш ја избришал сликата. Но сепак, во денешно време кога постои принтскрин, сето ова е уредно забележано и доказот останува.