Фудбал
ФОТО: Капитенската лента која ја фрли Роналдо ќе биде продадена за лекување на шестмесечно бебе
Мечот помеѓу Србија и Португалија предизвика многу реакции. На Кристијано Роналдо не му беше признаен чист гол во судиското продолжение и тоа при резултат 2:2. Мечот заврши со овој резултат, а Роналдо уште пред судијата да го означи крајот бесен го напушти теренот.
На излегување на фрли и капитенската лента. Според последните информации, капитенската лента ја земал еден од работниците на стадионот „Рајко Митиќ“. Тој во текот на денот им се обратил до редакцијата на СпортКлуб и изразил желба капитенската лента да ја даде на аукција, односно на продажба. Собраните пари сака да ги донира во хуманитарни цели, односно за помош на малиот Гаврило Ѓурѓевиќ. Гаврило е шестмесечно бебе. Дијагностицирана му е ретка и смртоносна болест СМА тип 1, а единствен лек кој може да помогне е вреди многу пари.
Капитенската лента е веќе онлајн во ПРОДАЖБА.