Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Ќе платите за се, скапо ќе платите – Морбидни сцени од стадионот на некогашниот член на Серие А

Морбидни сцени на стадионот на некогашниот член на Серие А, тимот на Ливорно. Во изминатите неколку години оваа екипа имаше многу финансиски проблеми, а во моментов се натпреваруваат во Серие Ц. Сепак, ниту таму не „цветаат рози“, па се наоѓаат на 18-то место, а навивачите се очајни и сакаат промени.

Поради тоа се одлучија на морбиден начин да испратат порака до челниците на клубот. Вчера на стадионот се појавија три крста на кои беа испишани имињата на челниците на клубот.

-Ќе платите за се, скапо ќе платите, стоеше во пораката исто така испишана на тоа место.

До еден од крстовите беше оставена и глава од свиња.

 

loading...

Facebook