Connect with us

Фудбал

ФОТО: Кога имал 10 години молел за дрес на Милан, а сега ќе игра за овој тим

Главна вест во италијанските медиуми денеска, барем утрово, е пристигнувањето на 20-годишниот фудбалер на Бреша на лекарски прегледи во Милано. Сандро Тонали е нов играч на Милан, само треба да ги мине лекарските прегледи и да се официјализира соработката.
За Тонали беа заинтересирани Интер, Јувентус, Манчестер Сити и Барселона, а ги одбрал „Росонерите“ бидејќи тоа му бил детски сон. Поради тоа италијанските медиуми „копаа“ во минатото на младиот фудбалер.
„Калчиомеркато“ објави фотографија од писмо напишано пред 10 години, за кое се тврди дека е на Сандро Тонали. Во писмото тој моли за дрес од Милан. Десет години подоцна неговиот сон се исполни, ќе игра за клубот за кој навива уште од мали нозе.
Освен за дрес на Милан, Тонали во писмото моли и за дрес на Интер, но не за него, туку за негов чичко.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com