Connect with us

Фудбал

ФОТО: Кој знае, знае, Динамо за 16 милиони продаде талент на Лајпциг

Динамо Загреб години наназад прави фантастични трансфери за балкански услови. Повторно го докажаа тоа со продажбата на својот талент, односно 18 годишниот дефанзивец Јошко Гвардиол.

Зделката е склучена, хрватскиот тим ќе заработи 16 милиони евра, додека младиот фудбалер ќе потпише со германскиот тим до 2026-та година.

Гвардиол до крајот на сезоната ќе остане во Динамо, а за секој негов настап, Лајпциг на хрватскиот тим ќе му плаќа по неверојатни 70 илјади евра.