Фудбал
ФОТО: Коментарот на Нејмар за објавата на Меси доволно говори што се случува во Барселона
Лионел Меси се збогува од Лус Суарез со емотивно писмо на Инстаграм. Шест години Лео и Луис ги решетаа противничките мрежи, но раководството на каталонскиот тим реши да се ослободи од Уругваецот.
Со вкаквата одлука не се согласува Меси, кој во писмото го критикуваше раководството, а го сврте вниманието на поранешни членови на Барселона, денеска големи фудбалери. Еден од нив е и Нејмар.

-Ова е неверојатно што го прават, напиша Нејмар под објавата на Меси.
Претходно Меси за Суарез напиша:
-Беше еден од најважните играчи во клубот. Направи големи работи. Не заслужи вака да те избркаат. Но, во овој момент не ме изненадува ништо од овие луѓе.