Connect with us

Фудбал

ФОТО: Коронавирус во Чешка, ќе мора да сменат цел тим за 24 часа

Големи проблеми за селекцијата на Чешка во пресрет на дуелот со Шкотска. Двајца позитивни случаи во нивниот тим, па поради тоа целата експедиција е во карантин. Се обидоа да го одложат мечот, но се предомислија поради можните санкции, па против Шкотска ќе формираат потполно нов тим, составен од домашната лига.

-По разговорите со УЕФА одлучивме мечот со Шкотска да се игра во предвидениот термин. Фудбалскиот сојуз на Чешка сега разговара со клубовите со кои ќе се одлучи кои фудбалери ќе настапат на овој меч, стои во соопштението.

Правилата на УЕФА велат дека натпревар може да се откаже само во случај доколку не може да се состави тим од 13 играчи од кои барем еден е голман. Против Шкотска, сепак нема да игра ниту еден играч од дуелот против Словачка одигран пред три дена на кој Чесите славеа со 3:1.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com