Connect with us

Фудбал

ФОТО: Лацио со урнебесен твит го најави новиот тренер, навивачите веднаш знаеја за кого станува збор

Екипата на Лацио има нов тренер. Со еден урнебесен твит, администраторот на официјалиот налог на италијанскиот тим го откри новото име. Имено, Лацио „твитна“ само цигара која гори и веднаш навивачите погодија. Станува збор за екс тренерот на Челзи, Јувентус и Наполи, Маурисио Сари.

Како што е познато, Сари е стравствен пушач, па цигарата е на некој начин негов заштитен знак.
Според информациите Сари потшишал договор со Лацио до 2024-та година.