Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ливерпул го потврди заминувањето на двајца фудбалери

Ливерпул објави дека ќе останат без два фудбалери ова лето.

Енфилд потврди дека Емре Џан и Џон Фланаган ќе го напуштат клубот по истекот на нивните договори.

Џан во Ливерпул дојде од Баер во 2014 и одигра 167 натпревари, последен пат играше во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Што се однесува до Фланаган, тој играше 51 натпревар и дебитираше против Манчестер Сити во 2011 година. Неговиот последен натпревар за клубот беше во Лига Купот против Лестер во септември минатата година.

Од Ливерпул, им се заблагодарија на двата за тоа што го направија во црвениот дрес, па им посакуваат среќа. Џан најверојатно може да оди во Јувентус, а за Фланаган не се знае каде ќе продолжи својата кариера.