Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: Луис Суарез успешно го положи тестот за италијански јазик, Јуве отпадна, што е следно?

Напаѓачот на Барселона Луис Суарез направи вистински хаос во италијанскиот град Перуџа. Тој пристигна таму вчера за да го полага тестот за познавање на италијанскиот јазик. Аплицирал за италијански пасош, со оглед на тоа дека неговата сопруга е од Италија. Успешно го положил тестот, е здоби со лиценца Б1, што значи дека може да ја почне процедурата за италијански пасош.

Зошто е ова битно? Зато што доколку добие италијански пасош тогаш тој во Италија ќе настапува како домашен фудбалер, а не како играч надвор од ЕУ, што секако е проблем за клубовите бидејќи имаат ограничен број на вакви играчи кои можат да ги ангажираат.

Се пишуваше дека Јувентус е неговата следна дестинација, но сепак оваа варијанта отпадна бидејќи „Старата дама“ не можеше да го чека, па го договори Един Џеко од Рома. Тој денеска треба да ги мине лекарските прегледи.

На прашањето од новинар каде ќе се сели, Суарез одговори помисли на еден град. Новинарот рече Торино, а напаѓачот одговори јас не го кажав тоа. Дали навистина и покрај Џеко, Јуве ќе го ангажира Суарез или сепак ќе заврши во некој друг италијански клуб, останува да се види. Едно е јасно, а тоа е дека тренерот на Барселона, Роналд Куман не смета сериозно на неговите услуги.

Advertisement

Facebook

Реклама