Connect with us

Фудбал

ФОТО: Македонец игра во Јувентус, а кога дава голови ги прославува како Кристијано Роналдо, за жал се откажа од Македонија

Струмичанец, роден во Пјаченца, игра за Јувентус, но и ги прославува головите како Кристијано Роналдо, бидејќи е негов идол. Никола Секулов на неговиот последен меч за тимот на Јувентус за играчи до 19 години одигран во саботата постигна гол против Аталанта (3:3). Одлучи да го прослави во стилот на Роналдо. Секулов стрелаше во 69-та минута за 2:2.

Инаку, како што е познато Секулов е роден во Пјаченца, меѓутоа неговите потекнуваат од Струмица. Играше за Македонија за селекцитие до 15 години, 16 и 17 години, но потоа одлучи да го носи дресот на Италија. Има настапи за селекциите на „Аѕурите“ за играчи до 17 и 18 години. Тој е напаѓач, а во Италија важи за еден од поголемите таленти. Кариерата ја почнал во Пјаченца, па потоа играл за Парма, па Про Пјаченца, пред да го купи Јувентус.

Во 2018-та година Секулов ги известил родителите, но и ФФМ дека сака да игра за Италија. Па така италијанскиот сојуз почнал постапка за негова регистрација, која беше одобрена од ФИФА. На тој начин тој одби да игра за Македонија.

• Nikola Sekulov at Primavera celebration goal against AtalantaU19 with Siuuuuuu ?

Posted by Forza Juventus on Sunday, 21 March 2021