Connect with us

Фудбал

ФОТО: Михајловиќ и неговите патики, кои сега чинат и до 3.000 фунти

На мечот против Наполи, тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ се најде во центарот на вниманието. Имено, на многумина им беа интересни неговите патики, кои беа впечатливи.

Станува збор за лимитирана серија на “Off-White X Air Jordan”, кои беа пуштени во продажба во 2018-та година и тогаш чинеа 140 фунти. Со оглед на тоа дека се лимитирана серија, односно имаше ограничен број на примероци, наводно овие патики три години подоцна достигнуваат цена и до 3000 фунти.