Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мистериозна порака на агентот на Мухамед Салах, дали е крај?!

Мохамед Салах и соиграчите се во ужасна форма. За прв пат во историјата Ливерпул врза пет порази на домашен терен. Синоќа загубија од Челзи во дербито со 1:0. Салах беше лут како рис кога во 61-та минута Клоп го извади од игра, иако не стануваше збор за никаква повреда.

-Изненаден сум што Салах излегува, навистина сум изненаден. И самиот не изгледа среќен. На Ливерпул му треба гол, а тој е најдобар стрелец во Премиер лигата, изјави Карагер, легендата на Ливерпул кој го коментираше мечот за „Скај Спортс“.

Од друга страна, пак, агентот на Мухамед Салах остави мистериозна порака на твитер, напиша само една точка, која многумина ја прокоментираа како крај на неговиот престој во Ливепул.