Фудбал
ФОТО: Моментот кој го чекаа неколку генерации, еве ја Македонија на Панини сликички, веќе во продажба
Многу генерации наназад соборале сликички од Панини од познати фудбалери и репрезентации. Но оваа генерација ќе има со што да се фали.
За прв пат во историјата ја има и Македонија.
Нашата репрезентација годинава ќе дебитира на ЕП, па младите, а веројатно и постарите љубители на фудбалот ќе имаат уникатна можност, да ги лепат сликичките на Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Ристовски, Несторовски и дружината кои за прв пат ќе ја претставуваат Македонија на големо натпреварување.
Панини албумот веќе го има низ европските земји, а наскоро ќе го има и кај нас.