Поврзи се со нас

Фудбал

ФОТО: На теренот на кој Шкендија го елиминираше Ботошани „шетаат“ змии

Чуден е тој фудбал. Сме биле сведоци како на теренот влетуваа кучиња, мачки, птици, но за прв пат се случи и змија да се појави на фудбалски терен. Имено, спортскиот новинар Емануел Росу објави фотографија за која вели дека е направена пред мечот Ботошани и Клинчени, кога на теренот, во зелената трева е видена змија и тоа вистинска. Брзо е остранета од теренот од страна на службите.

Инаку, токму на овој терен минатата недела играше Шкендија против Ботошани, славеше со 1:0 во Лига Европа и обезбеди меч со Тотенхем кој ќе се одигра во четврток во Скопје.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама